Свет

Германија: „Реве група“ отвори нов дистрибутивен центар во Магдебург

25 Jun 2024

Како дел од инвестициите во вредност од 250 милиони евра, „Реве група“ отвори нов дистрибутивен центар во Магдебург.

Во дистрибутивниот центар кој е на површина од околу 49.500 квадратни метри, имплементирана е автоматизација во соработка со компанијата „Свислог“.

Со  ова складиште со висока технологија во Магдебург, не само што обезбедуваме снабдување со стоки на нашите пазари на север и исток, туку и влегуваме во нови димензии во однос на нивото на автоматизација и перформанси. Со 50% автоматизација, „РЕД 39“  е следниот еволутивен чекор во логистиката и го прави Магдебург една од најмодерните логистички локации - не само во групата„Реве“’ , туку и во цела Европа, рече Питер Мали, главен оперативен директор за логистика и управување на снабдувачки синџири во „Реве“

 Дистрибутивниот центар ќе доставува прехранбени производи за девет регионални магацини и 1.900 продавници.

Капацитетот на центарот е 20.000 артикли, а дневно може да испорача 286.000 пакети. Кога ќе биде целосно оперативен, објектот ќе вработи 270 луѓе, додаваат од компанијата.

Објектот, исто така, ќе има позитивно влијание врз климатските цели  на компанијата, бидејќи ќе заштеди приближно четири милиони километри транспортно растојание секоја година. Други мерки за одржливост вклучуваат употреба на регионални градежни материјали, LED осветлување, фотоволтаични системи, зелени покриви и електронски станици за полнење на автомобили и велосипеди.

   

Извор: ESM magazine

Фото: „Реве“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...