Свет

Русија: „Магнит“ рециклира 100% од својот пластичен отпад

14 Jun 2024

Во својот петти Извештај за одржливост за 2023 година трговецот објави дека започна да рециклира 100% од сопствениот пластичен отпад.

Како што се наведува во извештајот, намалувањето на емисиите на стакленички гасови во целиот синџир на трговци од 2019 до 2023 година изнесува 31%.

Дополнително, во овој период има намалување на потрошувачката на електрична енергија за 18%, топлинска енергија за 7% и вода за 58%.

Кога станува збор за пакувањето, 68% од пакувањето на производите од асортиманот на приватните марки на трговцот може да се рециклира. Покрај тоа, компанијата го зголеми уделот на производи од приватните марки кои ги исполнуваат принципите за здрава исхрана на 28% во 2023 година.

Компанијата го намали и отпадот од храна за 59%, а пластичниот отпад за 30% во споредба со една година порано. Од компанијата наведуваат дека сега речиси целиот картон, пластика и хартија од работењето се испраќаат на рециклирање.

 

Фото: Магнит



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...