Свет

Португалија: „Ле мускетерс“ ќе инвестира 240 милиони евра до 2029 година

03 Jun 2024

Француската малопродажна групација „Ле Мускетерс“ ги најави плановите за инвестирање на 240 милиони евра во Португалија до 2029 година.

 Како што пренесува „Журнал де ногоциос“, извршниот директор на португалската подружница, Педро Субтил, компанијата во следните години како дел од оваа инвестиција ќе создаде 3.000 нови работни места.

 Минатата година компанијата остварила пораст од 7,8% во Португалија, при што водечкиот синџир на групацијата, „Интермарше“ за овој период забележал пораст на прометот од 7,7% или 2,8 милијарди евра.

 Исто така, компанијата го проширила своето присуство во Португалија со отворање на 10 нови продавници, со што бројот отворени продавници достигна до 357, вклучувајќи ги и  265 супермаркети на „Интермарше“, 56 продавници на „Биомарше“ и 36 продавници на „Роади“.

 Со отворањето на новите продавници, групацијата инвестирала 41,5 милиони евра, при што со отворањето на новите продавници се отвориле 350 нови работни места, со што вкупниот број на вработени лица во групацијата е над 14.500 лица.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Ле мускетерс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...