Свет

Германија: „Харибо“ ќе гради нова фабрика

31 May 2024

Компанијата „Харибо“ ги соопшти плановите за изградба на нова, одржлива фабрика за кондиторски производи во Нојс, вредна 300 милиони евра.

Во новата фабрика ќе бидат спроведени неколку еколошки иницијативи, како што е користењето на обновливи извори на енергија, мерки за намалување на емисиите на Со2 и мерки за скратување на транспортните рути.

Изградбата на фабриката ќе започне 2025 година, а со производство ќе се започне во 2028 година, соопштуваат од компанијата.

„Харибо“ веќе има фабрика во Нојс, меѓутоа постоечкиот објект е невозможно да се прошири на одржлив начин, додаваат од компанијатa и очекуваат дека после периодот на паралелно производство, до 2030 година новата фабрика целосно ќе ја замени сегашната.

Од компанијата истакнуваат дека преодната фаза ќе им овозможи на вработените да се запознаат со новата фабрика и новите производни процеси.

Во новата фабрика ќе се произведуваат бонбоните Haribo и MAOAM.  

MAOAM има свои корени во Нојс. Тука е нашата стручност во производство, а стручноста и искуството на нашите вработени се нашето најголемо богатство. Со новата фабрика го правиме следниот логичен чекор и свесно инвестираме во Германија како нова деловна локација и важен пазар, изјави Арнд Русгес, директор во „Харибо“.

 

 

Извор: ESM magazine

Фото: Принтскрин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...