Свет

Еврозона: Стапката на невработеност го достигна најниското ниво

31 May 2024

  Еврозоната во април забележа намалување на стапката на невработеност за 0,1 процент, со што пазарот на труд го достигна најниското ниво од формирањето на монетарната унија во 1999 година.

 Според стаститчката агенција на ЕУ, „Евростат“, сезонски прилагодената стапка за невработеност во Еврозоната  е падната на 6,4 отсто, со нешто помалку од 11 милиони невработени.

Стапката на невработеност во март била 6,5 отсто, пренесува „Фајненшл тајмс“.

 Во целата ЕУ стапката за невработеност изнесува шесто отсто, што е бројка од 13,1 милиони невработени, а овој податок останал непроменет во однос на претходниот месец. Падот на невработеноста би можел да укаже на подобрување на условите во Европа и подобрување на економските состојби во Еврозоната.

 Бројот на невработени луѓе паднал за 100.000 во однос на претходниот месец и изнесува 10,998 милиони. Стапката за невработеност кај младите од 25 години во април имала пад на 14,1 отсто, што е намалување во однос на 14,3 отсто во однос на претходниот месец, пренесува „Еуроњуз“.

 На врвот на листата за невработени е Шпанија со 11,7 проценти, додека на второто место е Франција со 73, отсто. Стапката во Италија е 6,9 отсто, а Германија има најниска стапка за невработеност која изнесува 3,2 проценти.

    Процентот на невработени жени во ЕУ во април изнесувал 6,3 отсто, што е благ пад во однос на март кога изнесувал 6,4 отсто. Истовремено, бројот на невработени мажи во април останал ист како во март и изнесува 5,7 проценти. Во Еврозоната процентот на невработени жени изнесува 6,7 отсто што е пад од измерените 6,9 отсто во март, додека процентот на невработени мажи во април бил 6,1 отсто, а  овој процент бил ист и во март.

   Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...