Компанијата „Амазон“ во градот Калгари во провинцијата Алберта го отвори своето роботизирано складиште, кое ќе користи вештачка интелигенција.
Со отворањето на ова складиште, кое е на површина од 260.128 квадратни метри, компанијата во Алберта има пет ПЕТ центри за исполнување, еден центар за сортирање, три локации за испорака и две АМХЛ станици за испорака.
Технологијата која ќе се употребува во складиштето вклучува „РВС4“, роботска рака која сортира торби и палети, како и „Кермит’, количка која превезува празни торби и динамички ја приспособува својата брзина и рутина.
„Амазон“ е воодушевен што инвестира во Калгари. Преку технологијата „Амазон роботик“, создаваме нови кариерни патишта и можности за развој. Истовремено, на купувачите им испорачуваме производи побрзо преку нашата сигурна, софистицирана и напредна оперативна мрежа, изјави Сушант Јаха, генерален менаџер на складиштето.
Во складиштето моментално се вработени над 1.500 лица, кои заедно работат со машините и со роботите, со што се осигурува побрза испорака на производите до нашите клиенти, соопштуваат од компанијата и проценуваат дека кога складиштето ќе биде комплетно оперативно во него ќе работат околу 7.500 лица.
Извор: globalnews.ca
Фото: „Амазон“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.