„Дијаџио“ во соработка со „ПА Консултингом“, започна со тестирање на хартиена амбалажа за својот бренд Baileys Irish Cream.
Во овој пробен период ќе се тестира шише кое е 90% е направено од хартија, преку посебна технологија.
Суво обликуваните шишиња од влакна се голем чекор напред, со што се поставуваат нови стандарди во светот на одржливото пакување, но ова е само почеток. Технологијата „Пул пак“, за суво обликување на влакна има огромен потенцијал, не само што заштедува вода, енергетски е ефикасна, може да се рециклира, а исто така одржлива е за комерцијално производство.Соработката со „Дијаџио“ и со другите партнери ни овозможи да ги здружиме ресурсите и драматично да го забрзаме лансирањето на оваа важна иновација, изјави Џејми Стон, експерт за дизајн и иновации во „Па Консултином“.
Кога се работи за нашето пакување, важен ни е напредокот во однос на совршенството, знаејќи дека нашите пакување мораат да се развиваат заедно со потребите на потрошувачите. Потрошувачот станува се помудар во однос на одржливоста и веруваме дека можеме да ја исполниме потребата користејќи го нашиот дизајн и иновации, за да ги споиме премиум производите и одржливите решенија, изјави Еван Андру, претседател за глобалниот синџир за снабдување и набавки во „Дијаџио“.
Од компанијата соопштуваат дека шишeто ќе може да се рециклира како хартиена амбалажа без потреба купувачите да ја одвојуваат пластичната навртка од него.
Во ова тестирање ќе бидат вклучени 2.000 шишиња од пијалакот кои ќе бидат поделени во рамките на фестивалот „Тајм ауто“ во Барселона.
Исто така, од компанијата соопштуват дека во развој се и хартиените шишиња за Johnnie Walker, како и спирални хартиени шишиња за Don Papa.
Извор: FoodBev
Фото: „Дијаџио“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.