Во чест на Денот на Африка, „Кока – Кола“ го претстави лимитираното издание од својот најпопуларен пијалак, Coca-Cola Wozzaah.
Новиот сок е инспириран од африканската култура, има тропски вкус и шарено пакување кое ги евоцира силните бои на континетот, соопштуваат од компанијата.
Како амбасадор на брендот е избран јужноафриканскиот продуцент и ди- џеј, Анкл Вафл.
Воодушевени сме што можеме да ја претставиме Coca-Cola Wozzaah, новата креација на „Кока – Кола“, која не само што ја прославува богатата лепеза на африканската култура, туку го отелотворува и духот на иновативноста и креативноста. Партнерството со Анкл Вафл додава автентичен тон на ова возбудливо лансирање и едвај чекаме да видиме ја динамичната присутност на Coca-Colа Wozzaah на повисоко ниво, создавајќи незаборавни моменти за нашето присуство во светот, изјави Силке Букер, директорка на „Кока – Кола“ во Африка.
Најновата креација на „Кока – Кола“ ја слави живоста и влијанието на Африка и безграничната енергија на тој континент. Овој најнов израз и соработка со неверојатните африкански уметници, дизајнери и пејачи е во сржта на „Кока Кола креатионс“, создавајќи вистинска магија за нашите обожаватели преку културните врски, изјави Оана Влад, виша директорка за глобална стратегија во „Кока – Кола компани“.
Ограниченото издание на овој пијалак ќе биде достапно на одредени пазари, во кои се вклучени Алжир, Мароко и Јужноафриканската Република.
Извор: INB2B Media
Фотографија: „Кока – Кола“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.