Свет

САД: „Пепсико“ го зголемува бројот на електрични камиони

23 May 2024

Во својата фабрика за произвдоство и дистрибуција во Фресна, САД,  компанијата „Пепсико“  го зголемува бројот на своите електрични возила со педесет нови камиони Tesla semi. 

 Во фабриката која што се протега на површина од 170.000 квадратни метри,  ги произведува и дистрибуира производите: Pepsi, Starry, Gatorade, Rockstar i Aquafina.

Компанијата во својата фабрика инсталирала и осум полначи „Тесла“ од 750 киловата и два система „Тесла мегапак енерџи стораџе“ за напојување на возилата.

 Покрај новите камиони, компанијата набави и дополнитени 75 електрични комбиња Ford E-Transit за 13 свои преставништва во Калифорнија.

 Електрификацијата на нашиот воен парк е важен дел за нашата стратегија „Пепсико поситиве“ и прикажува како одржливоста е наша основна деловна стратегија на компанијата „Пепсико“, таа е добра за нашата планета, за нашата работа и за заедницата во која што работиме, изјави Џон Деан, претседател на „Пепсико“ – САД.

Извор: ESM magazine

Фото: „Пепсико“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...