Групацијата „Ероски“ минатата година забележала пораст на профитот од 26,9%.
Бруто-продажбата на компанијата се зголеми за 6,3% во однос претходната година односно на 5,7 милијарди евра и покрај намалувањето на бруто-маржата за 1,2 процентни поени поради мерките за намалување на трошоците.
Во време на силен и постојан раст на трошоците, ја завршивме годината со значителен напредок и извонредни перформанси, ефикасно имплементирајќи ги стратегии кои ни помогнаа да се справиме со тековните економски предизвици. Согласно на тоа, напорите за зголемување на ефикасноста се од фундаментално значење, со силно фокусирање на зголемувањето на контролата и управувањето со трошоците. Оваа оптимизација ни овозможи и да ја зајакнеме позицијата на групацијата „Ероски’ на пазарот, кога се во прашање цените и промотивните активности, изјави Роза Карабел, извршен директор на групацијата „Ероски.“
Во 2023 година, „Ероски“ отвори 74 нови супермаркети, сметајќи ги и франшизните супермаркети и една бензиска станица.
Извор: ESM magazine
Фото: „Ероски“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.