Свет

Белгија: „Пепсико“ инвестира во ширењето на производните капацитети

22 May 2024

„Пеписко“ ги најави плановите за инвестирање на 200 милиони евра во зголемување на производствените капацитети во својата фабрика во Веурне.

Ја одбравме нашата фабрика во Веурне за оваа важна инвестиција, поради стратешката локација, помеѓу Франција, Обединетото Кралство и Холандија, изјави Миет Делмоте, генерална директорка на „Пепсико“ за Бенелукс.

Оваа фабрика е една од најголемите на „Пепсико“  во Европа за производство на грицки   и во која што има девет производни линии. Во неа се годишно се  произведуваат 83.00 тони чипс, или над две милиони пакувања дневно, а во следните четири години компанијата планира да го зголеми ова производство на 115.тони годишно.

Брендовите за чипс како што се Lay's, Doritos и Cheetos, се произведуваат во оваа фабрика, од каде потоа се продаваат во четиринаесет земји. 

Дел од новата инвестиција ќе биде насочен и кон преминување на одржливи изводи на енергија, во согласност со целта на производителот постепено да ја укине употребата на фосилните горива во фабриката, за да ја намали емисијата на гас за 75%.

 Покрај тоа, во новата инвестиција е вкучено и ново складиште кое ќе биде поврзано со фабриката со мост долг 100 метри, како и помошни простории, а исто така ќе отворат и нови 150 работни места.

 

 

 

 

 

Извор: RetailDetail.eu



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...