Компанијата „Волмарт“ годинава ги зголеми своите насоки за раст, откако во првиот кваратал ги надмина очекувањата на аналитичарите.
За првиот квартал од годинава, компанијата остварила раст на продажбата во САД за 3,9%, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.
Заработката по акција во првиот квартал изнесува 60 центи, што исто така ги надминува прогнозите на аналичарите кои предвидуваа заработката по акција да изнесува 52 центи.
Нашите силни резултати во овој квартал јасно ја покажуваат моќта на нашите глобални можности и способноста на тимот дисциплинирано да донесуваат одлуки. Додека продолжуваме да ги менуваме нашите работни модели, фокусирани сме на стратегиски инвестиции во обласите кои ја засилуваат нашата стратегија на раст, изјави Џон Давид Раини, потпретседател и главен финансиски директор на „Волмарт“.
Компанијата сега очекува пораст на продажбата за оваа година во висок едноцифрен процент, над досегашните очекувања за пораст од 3% до 4%.
Извор: ESM magazine
Фото: „Волмарт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.