Свет

Велика Британија: „Арла“ инвестира 300 милиони фунти во своите фабрики

17 May 2024

 „Арла фудс“ ги најави плановите за инвестирање на над 300 милиони фунти во своите производствени објекти во Велика Британија, со цел да го унапреди производството на млечните производи и безбедноста на храната.

 Инвестирањето ќе биде на пет локации на компанијата и тоа во Локерби, Стоуртон, Алесбери, Вестбери и Тав Валеј. Овие производни капацитети ќе бидат зголемени а производството модернизирано.

 Целосно сме посветени на производството во Велика Британија и на продолжувањето со производство на хранливите млечни производи кои се основната намирница во милиони фрижидери ширум земјата. Инвестицијата ќе ни овозможи да направиме значајна надградба во нашето портфолио подготвувајќи ги нашите капацитети за иднината на производството на млеко во Велика Британија, изјави Фран Бал, потпретседателка за производство во „Арла фудс“.

 

 

Извор: FoodBev

Фото: „Арла фудс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...