„Алди“ стана првиот супермаркет во Велика Британија кој се префрли на 100% рециклирана пластика за пакување на безалкохолните пијалаци од сопствениот бренд и за својата флаширана вода.
Новото пакување, кое ги исклучува капакот и етикетата, ќе биде за целата палета на безалкохолни пијалоци од приватната трговска марка на компанијата.
Знаеме дека нашите купувачи се грижат за тоа како се пакуваат нивната храна и пијалаци, како и за нивното одложување и каде одат понатаму. Ова, заедно со фактот дека повторната употреба на пластична амбалажа откако ќе се рециклира е критично прашање за целата индустријa. Тоа значи дека правиме се што можеме за да го намалиме нашето влијание. Преминувањето на рециклирана амбалажа во нашата палета на безалкохолни пијалаци е дел од нашите напори да го забрзаме нашиот напредок на овој пат, рече Лук Емери, директор на одделот за пакување во „Алди“ – ОК.
Да потсетиме, компанијата неодамна ја замени пластичната амбалажа за сопствената марка на четкички за заби со картонска, а минатиот месец „Алди“ воведе и хартиени шишиња за вино што може да се рециклира.
Извор: Grocery Gazette
Фото: „Алди“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.