„Амазон“ ги најави плановите за лансирање на нови онлајн продавници на ирскиот пазар во 2025 година, чиј домен ќе биде amazon.ie.
Компанијата соопшти дека вебс траницата ќе овозможи „локализирано искуство во купувањето“ со асортиман од над 100 милиони производи, вклучувајќи повеќе артикли од ирски брендови
Лансирањето на продавницата Amazon.ie ќе биде одлична вест за ирските купувачи и со нетрпение очекуваме да ги отвориме нејзините виртуелни врати во 2025 година. Овој потег ја нагласува нашата континуирана посветеност на Ирска и носи широк спектар на производи со голема вредност со брза испорака до ирските клиенти, а исто така им овозможува на ирските мали и средни претпријатија да допрат до поголема публика, рече Џон Бумфри, менаџер во „Амазон“ за Ирска и ОК.
Во моментов, повеќе од 1.000 ирски мали и средни претпријатија ги продаваат своите производи на „Амазон“.
Овие компании само во 2022 година оствариле повеќе од 150 милиони евра извоз.
Извор: ESM magazine
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.