Свет

Холандија: „Ахолд Делез“ ги надмина очекувањата за првиот квартал

13 May 2024

 Компанијата „Ахолд Делез“ ги надмина очекувањата во првиот квартал и ги потврди своите насоки за годинава, кои се поттикнати од доброто работење во Европа.

 Групацијата која управува со трговските синџири „Стоп Шоп“, „Џиант“, „Фуд лион“ и „Ханафорд“ во САД и со трговските синџири „Алберт Хеин“  и „Делез“ во Холандија и Белгија, остварилаподобрување на маржата во текот на првиот квартал во Европа за 0,3 процентни поени, но и пад од 0,2 процентни поени на 4,6% во САД, кој   се должи на инфлацијата и обидот за штедење на потрошувачите.

 Забележавме дека уделот на приватните трговски марки во САД е во пораст затоа што луѓето бараат алтернативни опции за нивниот домашен буџет кој е под притисок, изјави Франс Милер, извршен директор на „Ахолд Делез“.

 Тој додава дека разговорите за цените помеѓу производителите и трговците и натаму ќе бидат интензивни.

Компанијата во првиот квартал пријавила основа на маржа од оперативен приход од 4%, што е над очекувањата на аналитичарите од 3,8%.

 Продажбата на групацијата во овој квартал достигнала 21,72 милијарди евра.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Ахолд Делез“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...