Компанијата „Унилевер“ пријавила пораст на продажбата во првиот квартал од 2,2%, со што ги надмина очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа раст од 1,2%.
„Унилевер“ оствари раст во првото тромесечие, кој беше воден од нашите Power брендови, кои забележаа пораст од 6,1%, изјави Хеин Шумахер, извршен директор на „Унилевер“.
Во овој период, прометот на компанијата изнесува 15,0 милјарди евра, што е пораст од 1,4% во однос на истиот период од минатата година.
Секторот за убавина остварил пораст од 7,4%, секторот за лична нега остварил 4,8% раст, додека сегментот домашна грижа и прехрана имале пораст од 3,1% и 3,7%.
Од компанијата посочуваат дека насоките за целата година ќе останат непроменети, при што се очекува порастот на продажбата да биде во распон од 3 до 5%.
Минатиот месец, компанијата најави укинување на околу 7.500 работни места, за во следните три години да заштеди околу 684 милиони фунти.
Покрај укинувањето на работните места, компанијата најави и издвојување на сегментот со сладолед во посебна единица. Во првиот квартал од годинава овој сегменет забележал пораст на продажбата од 2,3%.
Извор: ESM magazine
Фото: „Унилевер“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.