Познатиот австралиски чоколаден бисквит Tim Tam, за прв пат ќе биде лансиран на пазарот во Обединетото кралство, откако стана дел од каталозите на „Веитрос“ и „Окадо“.
Овој бренд кој за прв пат бил лансиран во 1964 година од страна на компанијата „Арнотс“, во продавниците во Обединетото кралство ќе се појави во три варијанти: Tim Tam original, Tim Tam dark и Tim Tam chewy caramel.
Tim Tam омилениот чоколаден бисквит во Австралија, но знаеме и колку е сакан овој вкусен бисквит и низ целиот свет, изјави Ребека Чан, менаџерка за маркетинг во „Арнотс“ и додаде дека потрошувачите во Обединетото кралство отсега ќе можат да уживаат во овој бренд со посебно задоволство.
Tim Tam e омилениот чоколаден бисквит во Австралија, а компанијата „Арност“ објави дека годишно продава околу 30 милиони пакувања од овој бренд.
Извор: Grocery gazette
Фото: Принтскрин
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.