Компанијата „Кампбел суп“ соопшти дека го завршија купувањето на „Савос брандс“ како дел од аквизицијата вредна 2,7 милијарди долари.
Додавањето на неколку премиум водечки брендови на пазарот во нашето портфолио е важна пресвртница во историјата на „Кампбел“ . Со тоа се забрзува успешната стратегија на „Кампбел“ и се дава значајна основа за одржлив и профитабилен раст, изјави Марк Клоусе, претседател и извршен директор на компанијата „Кампбел суп“.
За да го поттикне растот на новите брендови, компанијата основала нова деловна единица во рамките на „Меалс & Бевериџис“ под името „Дистинктив брандс“
Во рамките на новата деловна единица, брендовите како Rao's и Michael Angelo's, ќе се приклучат на брендовите од компанијата „Пацифик фудс“, која „Кампбел суп“ ја купи во декември 2017 декември.
Извор: esmmagazine
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.