Свет

Велика Британија: „Лидл“ очекува рекорден број на купувачи за Божиќ

01 Dec 2023

„Лидл“ -Велика Британија годинава очекува рекордно зголемување на бројот на купувачи за Божиќ.

Германската компанија соопшти дека купувачите започнале за празниците да се спремаат уште во септември а оттогаш секоја секунда се продаваат по две пити од мелено месо, јадење кое е многу популарно во Велика Британија за време на Божиќ. Исто така, зголемена била побарувачката на подароци од асортиманот на „Лидл“, а малите снежни топки се продавале на секои две секуди од почетокот на ноември.

Од „Лидл“ очекуваат нивниот најпрометен ден во овој период да биде 22 декември кога очекуваат над 2 милиони потрошувачи да купуваат во нивните продавници, со што ќе биде надминат бројот на купувачи од Велигден, кога бил забележан пораст од 13% во однос на лани.

Божиќ е возбудливо време за работа  во малопродажбата, а посебно во „Лидл“, каде што нашите колеги и добавувачи придонесуваат на нашите купувачи да им бидат достапни најквалитетните сезонски производи. Не треба да се заборави дека минатата година беше предизвик за многу луѓе, но, гледаме дека божиќниот дух кај купувачите почна од септември, кога беа пуштени и првите божиќни линии. Само во минатите шест недели видовме голем пораст на бројот на купувачи кои доаѓаат кај нас и  дека предвреме се спремаат домаќинствата за славење. Очекуваме дека тоа ќе продолжи и нашите тимови веќе ги облекуваат своите божиќни џемпери, спремни да го дочекаат рекордниот број на купувачи во текот на напрометниот период во годината, изјави Рајан Мекдонел, извршен директор на „Лилд“-Велика Британија.

 Минатата недела „Лилд“ покрена акција за изнајување на нивните божиќни џемпери преку апликацијата „Бај Ротејшн“, а собраните средства ќе бидат донирани.

 

 

 

Фото: „Лидл“

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...