„Амазон“ соопшти дека 100% од нивната амбалажа за достава низ Европа, односно ковертите, вреќите и кутиите, отсега се целосно рециклирачки.
Тоа ги вклучува и производите кои ги продава „Амазон“, како и на продажните партнери на трети страни кои ја користат програмата „Фулфимент бај Амазон“ (ФБА).
Сите купувачи отсега ќе ги примаат своите нарачки во рециклирачки и флексибилни хартиени вреќи, картонски коверти и картонски кутии.
Од „Амазон“ соопштуваат дека минатата година за 50% го зголемиле бројот на производи испорачани низ Европа без додатна амбалажа.
Компанијата процени дека во периодот од 2019 до 2023 година, во европскиот дистрибутивен центар ја избегнала употребата на повеќе од една милијарда пластични вреќи за еднократна употреба.
Радосни сме што нашата европска мреже сега користи рециклирачка амбалажа за нарачките на купувачите. Ова е дел од нашата долгогодишна работа да бидеме лидери во одржливост и ќе продолжиме да инвестираме во иновативна технологија, машинско учење и одржливи материјали, за да ја сме сигурни дека амбалажата која ќе ја користи нашата компанија или други, ќе биде добра за нашите купувачи, заедницата и планетата, изјави Патрик Линдер, потпретседател за мехатроника и одржлива амбалажа во „Амазон“.
Од компанијата додаваат дека ги поттикнуваат и продажните партнери да ја намалат амбалажата во својот синџир на снабдување.
За секоја пратка за која е потребна амбалажа, „Амазон“ со помош на машинско учење ќе им помага на компаниите да утврдат кои производи се соодветни за флексибилна амбалажа, како што се хартиените вреќи. Во последните пет години овие алгоритми ја намалиле употребата на картонски кутии за повеќе од 35%, наведуваат од компанијата.
„Амазон“ е соосновач и прв потписник на „Клајмат Плеџ“, преку што има обврска да достигне нула СО2 до 2040 година. Како дел од оваа цел, компанијата има за цел до 2025 година да користи 100% обновлива енергија во својата работа и во моментот има над 9.000 електрични возила за достава во својот возен парк.
Извор: ekapija.com
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.