Свет

Велика Британија: „Нестле“ ги повлекува од пазарот брендовите Caramac и Animal bars

14 Nov 2023

После повеќе од 60 години производство, „Нестле“ ги повлекува од пазарот во Велика Британија чоколадата Caramac и Animal Bars.

Брендот Caramac во 1959 годинина го креирала компанијата „Макинтош“,  позната по брендот Quality Street, а во 1963 година, истата компанија ги претставила и чоколадата Animal Bars.

Компанијата „Нестле“ ги купила овие брендови во 1998 година, но одлучила да ги повлече од продажба поради пад на нивната продажба.

Многу ни е жал што мораме да ги разочараме фановите на чоколадата Caramac. Забележавме пад на продажбата на овие чоколада во последните неколку години и за жал моравме да донесеме тешка одлука и да запреме со нивно производство, наведуваат во соопштението од компанијата.

Од компанијата додаваат дека повлекувањето на овие два бренда ќе овозможи да се фокусираат на своите други брендови како и на иновации.

 

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: Nestlé



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...