Трговскиот синџир „Волмарт“ најави отворање на нов капацитет за преработка на млеко во Валдоста, Џорџија.
Новиот објект, кој е во план да почне со работа во 2025 година, треба да отвори речиси 400 работни места. Како што соопштуваат од компанијата, новиот капацитет е одраз на посветеноста на „Волмарт“ да одговори на зголемената побарувачка за премиум млечни производи, како и да ја зајакне отпорноста на синџирот на снабдување и да ја зголеми транспарентноста во набавките.
Објектот, чиј камен-темелник ќе биде поставен до крајот на годинава, ќе се фокусира на иновации и на локално одгледани состојки. Во него ќе се преработуваат и пакуваат различни млечни производи, меѓу кои и обезмастено и чоколадно млеко.
Производите ќе бидат достапни под трговските брендови Great Value и Member's Mark во повеќе од 750 продавници низ југоисточниот дел на САД.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.