Кинескиот извоз падна помалку од очекуваното во септември, според официјалните податоци објавени во петокот, и покрај предизвикувачките глобални економски услови и слабата побарувачка за произведени стоки.
Според податоците на кинеската царинска управа, извозот е намален за 6,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, што е забавување од падот на извозот од 8,8 отсто во август. Аналитичарите анкетирани од Ројтерс предвидоа пад на извозот од 7,6 отсто, пишува Фајненшл тајмс.
Увозот е намален за 6,2 отсто во истиот период, што е пониско од падот од 7,3 отсто во претходниот месец и нешто полошо од очекуваното. Трговскиот биланс на Кина за септември изнесува 77,71 милијарди долари.
Кина забележа раст на трговската размена со Русија, која се забрза на годишна основа во септември во однос на август, покажаа во петокот податоците на кинеската царина, пренесува Ројтерс.
Кинескиот извоз во Русија се зголеми за 21 отсто на 9,6 милијарди долари во септември, по 16 отсто пораст во август. Увозот од Русија се зголеми за осум отсто по три отсто зголемување во август.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.