Свет

Германија: „Ануга“ собра 140.000 посетители од 200 земји

13 окт 2023

Овогодинешниот саем „Ануга 2023“, кој се одржа во Келн од 7 до 11 октомври, привлече околу 140.000 посетители од 200 земји.

 

Како што беше најавено, на Саемот се собраа околу 7.900 изложувачи од 118 земји, од кои само 6% беа од Германија.

Меѓу излагачите беа компании како „Амазон“, „Алди“, „Аучан“, „Карфур“, „Коп“, „Костко“, „Лидл“, „Мигрос“, „Шпар“ и „Волмарт“.

Под клучната тема „Одржлив раст“, ​​овогодинешниот саем првенствено се фокусираше на темите за одржливост и одговорно користење на ресурсите.

На овогодинешниот саем беа воведени и нови формати „Anuga Trend Zone“, која ги презентираше актуелните трендови во прехранбениот сектор и „Anuga Taste Innovation Show“, каде што излагачите претставија околу 70 производи кои победија на претходно одржаниот конкурс за нови производи организиран од саемот. .

Најмногу посетители од европските земји се регистрирани од Велика Британија, Италија, Холандија, Шпанија и Турција. Покрај Европа, најзастапени земји беа Бразил, Кина, Јапонија, Кореја и САД.

Според организаторот, ова ја прави Ануга „поинтернационална“ од кога било и го потврдува нејзиниот континуиран успех како број еден глобален саем за храна.

Во текот на децениите, Ануга се етаблира како неприкосновен број еден настан, а овогодинешното издание е доказ за нашиот квалитет и релевантност во секторот кој брзо се развива. Горди сме што ја обединуваме и ја зајакнуваме глобалната заедница за храна и пијалоци под знамето на Ануга, рече Џералд Бозе, претседател и извршен директор на Koelnmesse GmbH.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...