Свет

Велика Британија: „Молсон корс“ инвестира 10 милиони фунти во пиварница

12 Oct 2023

„Молсон корс“ ги објави плановите да инвестира 10 милиони фунти во својата пиварница во Такастер, Велика Британија за да го зголеми производствениот капацитет, да ја подобри ефикасноста и да ги намали емисиите на стакленички гасови на објектот.

 

Во текот на следните две години, компанијата ќе ја надгради инфраструктурата за да го зголеми производствениот капацитет на брендовите како Carling, Coors, Madri Exceptional и Worthington's, користејќи „понапредна, енергетски поефикасна опрема“.

Веста доаѓа набргу откако производителот на пиво објави дека изградбата на новиот капацитет за секвестрација на јаглерод диоксид е при крај и дека ќе започне со работа на почетокот на 2024 година.

Како што објаснуваат од компанијата, целта на овој објект е секвестрација на јаглерод диоксид ослободен во текот на процесот на ферментација, а потоа прочистување и претворање на овој гас во течност за складирање. Потоа оваа течност повторно ќе се претвори во гас што ќе се користи во процесот на пакување, каде што ќе се инјектира во ферментираниот производ, давајќи му на пивото карактеристична пена.

„Ова е значаен момент во нашата историја и, додека се подготвуваме да го зголемиме производството во наредниот период, тоа значи дека можеме да продолжиме да ги произведуваме нашите сакани брендови на пиво, истовремено намалувајќи го нашето влијание врз животната средина“, рече Стивен Мур, директор на пиварницата на „Молсон корс“ во Тадкастер.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...