Свет

Започнува годишниот состанок на Светска банка и ММФ во Маракеш

09 Oct 2023

Годишниот состанок на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) почнува денеска во мароканскиот град Маракеш и ќе трае до 15 октомври.

На овој собир ќе присуствуваат министри за финансии и гувернери на централни банки од повеќе од 190 земји, а целта на собирот, според директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, е „градење мостови за иден одржлив и инклузивен раст“.

На средбите ќе се разговара за глобалните предизвици, што е потребно за да се стави крај на сиромаштијата на планетата, кои се решенијата за земјите во развој, како да се поттикне отворањето нови работни места, дигиталната инфраструктура и активностите во борбата против климатските промени.

Учествуваат гувернери на централни банки, министри, менаџери од приватниот сектор, претставници на граѓанското општество, младински лидери, претставници на академската заедница...

На конференцијата се очекува да се соберат повеќе од 10.000 луѓе.

Како што е наведено на веб-страницата на Светска банка, меѓу најважните настани на овој собир се прес-конференцијата на Светска банка која ќе се одржи на 11 октомври, како и конференцијата на ММФ еден ден подоцна.

Состанокот на Комитетот за развој на ММФ ќе се одржи на 12 октомври, а пленарната седница на состанокот во петок, на 13 октомври.

Меѓународниот монетарен и финансиски комитет (ММФЦ) ќе одржи состанок во сабота на 14 октомври.

Светската банка и ММФ одлучија заедно со мароканските власти во таа земја, која беше погодена од земјотресот на 8 септември, од 9 до 15 октомври да го одржат претходно планираниот годишен состанок во Маракеш.

На овој собир ќе присуствуваат министри за финансии и гувернери на централни банки од повеќе од 190 земји, а целта на собирот, според директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, е „градење мостови за иден одржлив и инклузивен раст“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...