Свет

Англија забрани пластичен прибор за јадење за еднократна употреба

04 Oct 2023

Од 1 октомври во Англија стапи во сила забраната за испорака на пластични предмети за еднократна употреба.

Компаниите повеќе не можат да продаваат пластичен прибор за јадење, чинии и полистиренски садови за еднократна употреба. Во забраната не се вклучени пластични садови и послужавници, кои се користат за носење или за претходно спакувана храна во продавниците.

Владата во мај објави дека трговците што ќе продолжат да ја продаваат забранетата пластика за еднократна употреба откако одлуката ќе стапи во сила, ќе бидат казнети.

Минатата година слична забрана беше воведена во Шкотска, која стана прва земја во Велика Британија што го воведе ова ограничување.

Пластичните чинии за еднократна употреба, приборот за јадење, сламките, стапчињата за балони и памучните стапчиња се забранети во Европската Унија во 2021 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...