Американската Федерална трговска комисија во вторникот поднесе антимонополска тужба против „Амазон“, тврдејќи дека онлајн трговецот на мало им штети на потрошувачите со вештачко одржување на високи цени.
Ова е најновата правна акција на американската Влада чија цел е да ја прекине доминацијата на големите технолошки компании и доаѓа по повеќегодишни жалби дека „Амазон“ и другите технолошки гиганти ја злоупотребиле својата доминација во пребарувањето, социјалните медиуми и онлајн продажбата за да ги задржат за себе најпрофитабилните аспекти на Интернетот.
Тужбата, на која и се приклучија 17 државни јавни обвинители, следи по четиригодишната истрага и федералната тужба против Гугл на Алфабет и Фејсбук на Мета.
Американската Федерална трговска комисија и неговите државни партнери тврдат дека потезите на „Амазон“ и овозможиле на компанијата да ги спречи конкурентите и трговците да ги намалат цените, да го намали квалитетот за клиентите, премногу да им наплатува на продавачите на платформата, да ги задуши иновациите и да ги спречи конкурентите да се натпреваруваат со компанијата.
Американската Федерална трговска комисија соопшти дека бара трајна забрана со која на „Амазон“ му се наредува да го запре незаконското однесување.
Од судот беше побарано и да размисли за принудување на „Амазон“ да продаде дел од сопственоста за да ја врати фер конкуренцијата.
Правниот застапник на „Амазон“ рече дека „практиките кои Американската Федерална трговска комисија ги доведува во прашање, помогнаа да се поттикне конкуренцијата и иновациите низ малопродажната индустрија и резултираа со поголем избор, пониски цени и побрза испорака за потрошувачите и поголема можност за многуте компании кои ги продаваат своите производи на „Амазон“.
Оваа тужба не е прва поднесена против „Амазон“ од страна на Американската Федерална трговска комисија. Во јуни, агенцијата го тужеше технолошкиот гигант затоа што наводно „измами“ милиони потрошувачи да се пријават за „Амазон Прајм“ без нивна согласност и им го отежна откажувањето.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.