Подружница на „Лакталис груп“ во Канада потпиша договор за долгорочен закуп за нов дистрибутивен центар во Ошава, Онтарио.
Отворањето на дистрибутивниот центар, кој ќе се простира на површина од 115.500 квадратни метри, е закажано за четвртиот квартал од 2024 година.
Новиот капацитет во Ошава ќе биде најголемиот дистрибутивен центар на „Лакталис груп“ на глобално ниво. Овој храбар чекор ги илустрира амбициите на „Лакталис“ да се развие во лидер во млечната индустрија во Канада и што е уште поважно, ја зајакнува нашата постојана посветеност во инвестирање во земјите и заедниците во кои работиме, рече Марк Тејлор, претседател и извршен директор на Лакталис Канада.
Како што соопштуваат од компанијата, новиот објект ќе има капацитет за складирање од приближно 60.000 палети и ќе се снабдува со енергија целосно од електричната мрежа на Онтарио, без дополнително потпирање на необновливи извори на енергија.
Новиот објект ќе отвори околу 80 работни места.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.