„Мигрос“ и неговите партнери се согласија да ги зголемат платите на вработените до 2,5 отсто во 2024 година.
Како што се наведува во соопштението на компанијата, швајцарскиот трговец одредил опсег од 2,1% до 2,5% за зголемување на платите во 2024 година. Притоа, главната цел на „Мигрос“ е да ја компензира инфлацијата за своите вработени како резултат на забавувањето на швајцарската економија.
Почнувајќи од годинава, компанијата стартува и иницијатива според која вработените можат да аплицираат за детски додаток. Освен тоа, на вработените им се достапни и специјални попусти, бонуси за лојалност и пензиски фонд за тие што имаат право на тоа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.