Трговската компанија „Жеронимо Мартинс“ го претстави планот за проширување на синџирот супермаркети „Ара“ во Колумбија на 1.300 продавници до крајот на годината.
„Жеронимо Мартинс“ се надева дека уделот на „Ара“ ќе достигне до 20% од неговата вкупна продажба во следните 10 години. За да ја постигне оваа цел, бројката на продажни објекти треба да биде од 3.000 до 4.000 продавници.
Во првата половина на 2023 година „Ара“ објави продажба од 1,1 милијарди евра, што е зголемување за 31,6% на годишно ниво, и ЕБИТДА од 18 милиони евра, што е намалување од 26 милиони евра во споредба со истиот период минатата година.
Португалската групација влезе на колумбискиот пазар во 2013 година, кога го отвори првиот супермаркет „Ара“. Заклучно до крајот на 2022 година, вкупниот број на продажни објекти „Ара“ изнесуваше 1.093. „Жеронимо Мартинс“ во земјата управува уште со 17 дистрибутивни центри и магацини, чиј број не се очекува да се промени крајот на годинава.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.