Новите „Хоризонтални насоки“ (Horizontal Guidelines), односно правила на ЕУ за заедничка набавка во малопродажбата, стапија во сила на 1 јули.
Тие ја обезбедуваат правната рамка за алијансите на мало и големо во Европа. Ревидираните правила покажуваат дека Европската комисија генерално ги оценува меѓународните сојузи за малопродажба како дозволени и позитивни за благосостојбата на потрошувачите.
Кристел Делберг, генерална директорка на „Еурокомерц“ – здружение што ги претставува европските трговци на мало и големо, коментира: Ревидираните „Хоризонтални насоки“ ги потврдуваат бројните придобивки – подобри цени, поголем избор, подобра ефикасност и иновации, што заедничката набавка им ги носи на потрошувачите и на индустријата. Тие, исто така, потврдуваат дека малопродажните и големопродажните сојузи може да се формираат на различни начини и да се вклучат во различни активности – од заеднички извори до заеднички преговори за условите. Нивната цел е да им помогнат на трговците на мало и на големо да преговараат и да донесат подобри цени за домаќинствата.
Новите упатства, исто така, препознаваат дека клучен елемент при проценката на ефектите од сојузите е компензациската продажна моќ на доставувачите, вклучително и дали тие нудат „задолжителни“ производи што трговците на мало и на големо треба да ги стават на полиците ако сакаат да привлечат потрошувачи.
„Хоризонталните насоки“ нудат корисни насоки за тоа што може и што не може да се направи кога се преговара со доставувачите. Тие ги потврдуваат големиот број позитивни ефекти што преговорите можат да ги имаат врз потрошувачите.
Во контекст на новите правила, Европската комисија ги заврши истрагите за малопродажните сојузи „Ејџкор“ и „Коперник“. Комисијата не гледа знаци на прекршување на антимонополот од страна на меѓународните кооперации за набавка. Со одлуката, бриселската управа за конкуренција го разјаснува правното прашање кое долго време беше контроверзно меѓу малопродажните компании и големите производители. Националните и Европската асоцијација на брендови отсекогаш ги критикувале високите барања на европските малопродажни сојузи како неоправдани. Од друга страна, малопродажбата на сојузите гледа како на важна алатка за поефективни преговари со доставувачите на рамноправна основа, со цел на потрошувачите да им се понудат пониски цени и поголем избор.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.