Свет

„Рема 1000“ презема 114 продавници на „Алди“

12 Sep 2023

Данските регулатори за заштита на конкуренција го одобрија преземањето на 114 продавници на „Алди“ од страна на „Рема 1000“.

Дисконтерот минатата година објави дека ја напушта Данска по 45 години работење во земјата и оти ќе ги продаде продавниците на „Рема 1000“.

Стекнувањето на овие продавници е пресвртница за нас и ја илустрира силата на нашиот бизнис-модел, рече Оле Роберт Рајтан, извршен директор на „Рајтан ритеил“, чиј дел е и „Рема 1000“. Тој додаде дека аквизицијата ќе ја зајакне постојната мрежа на продавници и ќе придонесе за нејзиниот пораст и зголемување на пазарниот удел.

Од 114 продавници, 5 ќе преземе малопродажниот синџир „Дагрофа“ и уште две, кои ќе работат брендирани како „Рема 1000“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...