Рускиот трговски синџир „Питерочка“ почна програма за вработување луѓе со посебни потреби во продавниците.
Компанијата организира прошетки низ продавниците „Еден ден во Питерочка“, при што заинтересираните можат да се обидат да работат. Во соработка со организацијата „Еверленд“, обезбедено е психолошко советување и средба со експерти за човечки ресурси за сите заинтересирани, со цел да се обезбедат оптимални услови за интеграција и обука на луѓето со попреченост. Дополнително, сите ментори и вработени во продавниците ќе бидат обучени за работа во инклузивен тим.
Се очекува во проектот да учествуваат околу 80 луѓе со попреченост, а по завршувањето на праксата, дел од нив ќе имаат можност да се вработат.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.