Шпанската подружница на „Ошан“ претстави производи за лична нега и хигиена што не создаваат отпад под приватната марка Cosmia.
Како што соопштија од „Алкампо“, блазниците за отстранување шминка отсега ќе можат да се перат, што ќе овозможи повеќекратна употреба и намалување на секојдневното создавање отпад. Достапни се во пакувања од шест парчиња во памучна кеса, која е дизајнирана за да го поедностави нивното машинско перење.
„Алкампо“ воведе и нов производ во асортиманот – сунѓер за нега на кожа направен од коренот на растението коњац. Сунѓерот е направен од 100% природни состојки и е биоразградлив, додека неговиот проценет рок на траење изнесува три месеци.
Палетата Cosmia е застапена во сите продавници на „Ошан“ и содржи речиси 400 производи, од кои 20 се од линијата Cosmia Bio. Пластиката што се користи за пакување на овие производи е направена од најмалку 25% рециклирачки материјали, додека хартијата е 80% рециклирачка.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.