Свет

„Селинг груп“ го затвора „Басалт“

31 Aug 2023

Најголемиот дански трговец со супермаркети „Селинг груп“ го затвора синџирот хард-дисконти „Басалт“ по само седум месеци откако ја отвори првата продавница во земјата. Почетокот на работата на синџирот хард-дисконти се случи во време кога потрошувачите беа соочени со рекордно висока инфлација и со многу скапа енергија.

Концептот на „Басалт“ се фокусираше на секојдневно ниски цени, ветувајќи им на купувачите пониски цени од другите дисконти за 10 до 15%. За да ја овозможи оваа понуда, трговецот се обиде да ги намали оперативните трошоци со различни стратегии. Една од нив е ограничениот асортиман, кој не опфаќаше замрзнати или разладени производи.

Од „Селинг груп“ наведуваат дека пролетниот и летниот период ја промениле побарувачката на производи. На пример, се зголемила побарувачката за месо на скара и за ладни пијалаци, а дисконтерот не нуди ништо од тоа. Дополнително, според компанијата, економската прогноза е подобра отколку што беше пред седум месеци, а освен тоа, концептот на секојдневно ниски цени не се покажал многу успешен кај Данците, кои претпочитаат да „ловат“ артикли со попуст.

Четири од десетте продавници на „Басалт“ ќе бидат претворени во „Нето“, а преостанатите ќе бидат затворени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...