Свет

Велика Британија: „Алди“ ги зголеми платите

21 Aug 2023

„Алди“ лансираше нова кампања за да го одбележи најновото зголемување на платите на вработените во продавниците, бранејќи ја својата титула „најдобро платен супермаркет“ во Велика Британија. Почетната плата за помошните работници во „Алди“ сега е 11,40 фунти за час, при што трговецот исто така ги плаќа и паузите. 

Кампањата опфаќа билборди и објави на социјалните мрежи кои на шеговот начин асоцираат на платите користејќи храна како илустрација. Така, компанијата постави билборд од кој “расте“ леб благодарение на „соодветен квасец“, кој има за цел да ги асоцира минувачите на зголемување на плата. 

Кога клиентот има едноставна порака како „Ние сме супермаркет кој најмногу плаќа“, не сакате нешто да му застане на патот. Креативно, целата оваа кампања се однесува на тоа да бидеме храбри и да привлечеме што повеќе внимание, користејќи го препознатлиовиот тон на „Алди“, соопштија од агенцијата „Мккан Манчестер, која ја изработи кампањата. 

Сакавме уште еднаш да покажеме дека „Алди“ е посветен на чесно наградување на своите вработени за нивната напорна работа на начин што ги тера луѓето да застанат, да прочитаат што имаме да кажеме и притоа да се насмевнат, соопшти трговецот. 

„Алди“ до крајот на годинава ќе вработи повеќе од 1.700 работници во рамки на својата стратегија за ширење на мрежата. Платите се до 53.000 фунти годишно. 

Извор: LBB 

Фото: McCann Manchester



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...