Од октомври 2023 до пролетта 2024, германскиот трговец „Лидл“ целиот дел од асортиманот свежо говедско месо ќе го набавува од фарми кои работат според најмалку третото од вкупно четири нивоа стандарди во сточарството.
„Лидл“ веќе ја постигна својата претходно објавена цел, до крајот на 2024 година во својата понуда да има најмалку 25 отсто свежо месо од трето и четврто ниво на одгледување.
Овој значаен чекор во натамошниот развој на нашиот асортиман покажува дека нам ни е многу важна добросостојбата на животните. Работењето за добросостојба е можно само со доверба и со конструктивна соработка со нашите партнери во земјоделството и синџирите на снабдување, бидејќи трансформацијата кон поголема добросостојба за животните може да успее само ако производителите имаат желба да го променат своето работење, соопшти трговецот.
„Лидл“ исто така, од следната година ќе ги поткрене сопствените брендови свежо млеко и млеко без лактоза на трето и четврто ниво на одгледување. Целта на компанијата е до 2024 долготрајното млеко исто така да помине на трето ниво, со што би се завршила конверзијата на целокупниот асортиман млеко на повисоки стандарди за добробит на животните.
Извор: esmmagazine
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.