„Унилевер“ отвори нов производствен погон во Палмира, Колумбија, за производство на своите брендови Fruco и Del Huerto, во инвестиција вредна 105.000 милиони долари. Новиот објект им се приклучува на логистичкиот оперативен центар и на трите други производствени погони во рамки на Палмира хаб-от.
Ова е четврти по големина производствен центар на „Унилевер“ во Латинска Америка и вработува околу 1.200 лица, притоа снабдувајќи ги купувачите во Кoлумбија и во 16 други земји во регионот на Латинска Америка. Целта е консолидација на локалното производство и логистика на една локација во Колумбија.
Со централизација на нашите операции во Палмира, во можност сме да ја подобриме логистичката ефикасност, да го оптимизираме нашиот синџир на снабдување и да ги засилиме нашите капацитети за да одговориме на барањата на пазарот, соопштија од „Унилевер“ - Колумбија.
Извор: FoodBev
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.