Свет

„Монделез“ претстави Toblerone чоколадни тартуфи

04 Jul 2023

„Монделез интернешнл“ претстави новитет во својот бренд Toblerone - чоколадни тартуфи. Тие имаат два различни вкусови и се познатиот облик на триаголник во златно - црвено пакување.  

Неверојатно сме возбудени што можеме да го споделиме најновиот Toblerone - производ, тартуфите. Овој новитет се искачи до топ - 10 од сите концепти што „Монделез“ ги тестираше во последните три години, што го прави совршен сезонски подарок и ќе им помогне на трговците да ја поттикнат премиум продажбата овозможувајќи совршен додаток во новната божиќна и целогодишна понуда, соопштија од „Монделез интернешнл“. 

Како што наведуваат од компанијата, целта е да регрутираат минелијалци и генерацијата Зет. Имено, во истражувањето што го спроведе компанијата, потрошувачите од овие категории најмногу сакаат да пробаат премиум производи, додека 83 отсто изјавиле дека веројатно или дефинитивно би го купиле овој производ поради „разновидноста на текстурата и култниот вкус“. 

Лансирањето на Toblerone тартуфите е проследено со нова кампања „Во облик на дијамант, никогаш квадрат“, која ја истакнува уникатноста на производите на брендот. 

Извор: The Grocer
Фото: Mondelēz 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...