Почнувајќи од 1 јули, групацијата „Реве“ престана да печати летоци и наместо тоа го прошири своето огласување преку новите медиумски формати.
Досега, компанијата печатеше по околу 25 милиони брошури секоја недела.
Многумина сметаат дека оваа наша одлука е ризична. Хартиената брошура со децении беше најважниот огласен медиум во индустријата. Но, кога станува збор за одржливоста, можеме да се подобриме само ако се преиспитаме и покажеме храброст. Со нашите нови дигитални понуди, не само што попрецизно доаѓаме до купувачот, туку доаѓаме и на поодржлив начин, изјави Петер Мали, член на Извршниот одбор на „Реве груп“.
Притоа, компанијата претстави нова опција на добивање огласи на телефон преку „Ватсап“, на интернет страницата на трговецот и на неговата апликација.
Овој потег ќе резултира со заштеда на повеќе од 73.000 тони CO2, 1,1 милион тони вода и 380 милиони киловат часови годишно.
Извор: Poslovni
Фото: REWE
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.