Свет

Инфлацијата ја кочи малопродажбата во Германија

30 Jun 2023

Инфлацијата продолжува да ја задушува потрошувачката во Германија, а трговците на мало објавија реален пад на продажбата од 3,6 отсто во мај во споредба со мај 2022 година.

Номинално, нивните приходи истовремено пораснале за 2,8 отсто поради поскапувањата.

Продажбата на храна од година во година беше во рецесија 23 месеци последователно, сега е намалена за 4,4 отсто.

Храната, пак, поскапела за 14,9 отсто во претходните 12 месеци, па трговците номинално заработиле 6,7 отсто повеќе.

На краток рок, храната од април до мај поевтинила за 0,3 отсто, а трговците со послаба продажба за 1,3 отсто, номинално заработиле 1,4 отсто помалку.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...