Свет

„Карфур“ воведува четбот за онлајн купување

16 Jun 2023

Францускиот трговец „Карфур“ воведе четбот заснован на ChatGPT-4  технологијата, со цел да го подобри искуството за онлајн купување. Преку четботот со назив Хопла, француските купувачи ќе можат да бираат производи врз основа на својот буџет и на ограничувањата во исхраната. 

Четботот исто така ќе може да предлага решенија за повторна употреба на состојките наместо да се фрлаат остатоците од храна и ќе оставува корпи за купување врз основа на специфичнире рецепти што купувачот ќе ги избере. 

Генеративната вештачка интелигенција ќе ни овозможи да го збогатиме корисничкото искуство и длабоко да ги трансформираме нашите деловни методи. Сакаме да бидеме чекор напред во овој сегмент и да ја промениме иднината на малопродажбата, соопштија од „Карфур“. 

Генеративната вештачка интелигенција исто така ќе се користи за проширување на информациите за производите од приватна трговска марка, вклучувајќи и описи на производите и информации за нивната нутритивна вредност. Повеќе од 2.000 СКУ сега можат да се „пофалат“ со ажурирани информации, а планот на трговецот е да ја прошири оваа услуга на сите свои производи. 

Извор: esmmagazine
Фото: Carrefour

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...