Италијанскиот производител на тестенини „Барила груп“ ќе вложи милијарда евра во следните пет години во развој на работењето. Од нив, половина инвестиција е наменета за домашниот пазар, каде компанијата има 15 фабрики и остварува 41 отсто од прометот.
Средствата се за унапредување на производните капацитети и ИТ инфраструктурата, за нови технологии и производи, како и за подобрување на безбедноста и стандардите за квалитет.
Од овој износ, 16 милиони евра се планирани и за изградба на нов центар за истражувања и развој во Парма, кој ќе биде одговорен за развој на производите, рецептурите и технологијата. Овој научен центар ќе вработува најмалку 200 лица. Компанијата најави отворање на ваков центар и во Холандија, со што ќе има центри во шест држави (САД, Франција, Велика Британија, Италија и Холандија).
Извор: esmmagazine
Фото: Barilla
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.