Холандија: „Алди“ почна да експериментира со самоуслужно купување преку скенирање артикли и плаќање преку мобилни телефони.
Ова е првпат дисконтниот синџир да ја имплементира технологијата „Скен & гоу“, која на потрошувачите им овозможува да ги користат дигиталните финансиски услуги, кои вклучуваат трансакции преку интернет или со дигитален уред, како што се Apple Pay, Google Pay и iDeal.
Дополнително, можно е и хибридно плаќање, кое подразбира купувачите да ги скенираат производите со паметниот телефон, да го скенираат QR-кодот и да платат на терминалот со кредитна картичка.
За имплементација на овој систем, „Алди“ ја искористи технологијата на австриската компанија „Шоприм“, која, меѓу другите, соработува и со „Реве“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.