„Пепсико“ почна пилот - проект за претворање на повеќе од 40.000 литри искористено масло во хидрогенизирано растително масло во фабриката за грицки во Бургос.
Хидрогенизираното растително масло е 100-процентно биогориво на база на зеленчук, кое „Пепсико“ ќе го користи за камионите што ги транспортираат производите. Процените се дека компанијата годишно ќе заштеди 380 метрички тони CO2.
Уште еден нов пилот-проект на „Пепсико“ е лансиран во соработка со шпанскиот синџир супермаркети „Диа“. Станува збор за транспорт со камиони со две приколки, кои имаат капацитет да превезуваат до 6 тони грицки одеднаш.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.