Свет

Пад на продажбата на безалкохолно пиво во Русија

26 мај 2023

Безалкохолното пиво, кое претходно ја држеше водечката позиција по продажба во пивската категорија во Русија, падна на последното место според новите податоци на агенцијата NielsenIQ.

Според проценките на аналитичарите, од април 2022 до април 2023 година, продажбата на безалкохолно пиво вредносно е зголемена за 3,3%, но волуменски е намалена за 3% во споредба со истиот период една година претходно. Во претходниот споредбен период, продажбата во оваа категорија забележа пораст за 13,3%.

Според NielsenIQ, оваа промена е резултат на заминувањето на странските брендови од рускиот пазар, кои имаа значителен удел во продажбата на безалкохолно пиво и дејствуваа како двигатели на порастот на оваа категорија.

Уделот на безалкохолното пиво на рускиот пазар од април 2022 до април 2023 година се намали од 2,6% на 2,4%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...