Свет

„Асда“ ќе се спои со „ЕГ груп“?

26 May 2023

Сопствениците на супермаркети „Асда“ и компаниите во рамките на „ЕГ груп“ објавија спојување на нивните британски операции во вредност од 10 милијарди фунти (11,5 милијарди евра), според „Скај њус“.

„Асда“, трет по големина трговец во Британија, и „ЕГ груп“ се во сопственост на браќата Зубер и Мохсин Иса и приватната инвестициска групација „ТДР капитал“.

Целата групација ЕГ, која работи и во САД и Австралија, ја заврши 2022 година со нето долг од 9,6 милијарди долари, додека „Асда“ ја заврши годината со долг од 4 милијарди фунти.

„Скај њуз“ соопшти дека комбинираната компанија ќе управува со речиси 600 супермаркети, 700 бензински пумпи и 100 продавници и ќе има приходи од близу 30 милијарди фунти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...