Економијата на Германија благо се намали во првиот квартал годинава и падна во рецесија, покажаа ревидираните проценки на заводот за статистика, откривајќи силен инфлациски притисок врз личната потрошувачка.
Сезонски и ценовно приспособениот бруто-домашен производ (БДП) се намали во првите три месеци годинава за 0,3 отсто во споредба со претходниот квартал, кога беше намален за 0,5 отсто, покажуваат новите проценки на Дестатис.
Првата оценка покажа стагнација на активност на почетокот на годината. Во споредба со првиот квартал од минатата година, БДП е намален за 0,5 отсто во првите три месеци од годинава. Претходната проценка покажа пад на активноста од 0,1 отсто.
Како што покажуваат новите податоци, високата инфлација оневозможила поддршка за лична потрошувачка, која е намалена за 1,2 отсто во споредба со крајот на 2022 година, кога бележеше пад за 1,7 отсто. Домаќинствата во првите три месеци од годинава помалку трошеле за храна и пијалаци, облека, обувки и за мебел, посочуваат статистичарите.
Иако порастот на цените во последно време е забавен, сепак стапката на инфлација во април од 7,2 отсто сè уште е на високо ниво. Позитивни импулси се бруто-инвестициите на компаниите и извозот, кои бележат пораст од 3 односно 0,4 отсто во споредба со претходните три месеци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.